Пекол за мајка од Скопје: Синот ја претепал, имала скршеници

Во 22,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавила 48-годишната Е.К. која пријавила дека истиот ден околу 20,30 часот додека седела во својот дом во село Марино заедно со нејзиниот син, 22-годишниот Х.К. тој почнал да ја навредува и во еден момент физички ја нападнал.

Потоа продолжил да и се заканува дека повторно физички ќе ја нападне, а Е.К. излегла од домот и се упатила во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда и тоа скршеница на долниот дел на подлактицата на левата рака.

По превземени мерки Х.Т. бил приведен во полициска станица и со истиот бил извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

27.04.2018 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега