Не си одете од работа по оваа улица - метеж на овие места во Скопје

Денеска претпадне регистриран е застој во сообраќајот на булеварот Илинден пред Владата на Република Македонија. 

Метеж се очекуваше и беше најавен поради состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин ќе биде претседателот Иванов.

Поради гостувањето на шефовите на држави во Скопје одреден е прв степен на безбедност и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери ќе го надлетуваат главниот град, а ќе има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари.

 

 

 

27.04.2018 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега