Нацев: Поминаа две години од лагата на Заев дека ќе го објави прислушкуваниот материјал за случајот кај Смилковско езеро

Каде се осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ? Двајцата имаат доживотни казни за грозоморната ликвидација на петте момчиња, а власта не презема ништо за да ги обезбеди и спроведе на издржување на казната за случајот Монструм, ова на денешна прес конференција го истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да ургира како косовските власти да ги испорачаат, Зоран Заев не запира со морбидната кампања во врска со свирепо убиство кај Смилковско езеро. Заев 6 години си поигрува со семејствата на убиените. Заев го искористи случајот во морбидна кампања и ја лажеше јавноста, велејќи дека се што поседува како прислушкуван материјал за случајот ќе објави. Две години подоцна Заев се уште ја нема обелоденето вистината, која тврдеше дека ја знае. Поминаа две долги години со манипулација и морбидна кампања. Заев и криминалниот картел кој го води го искористија овој случај за добивање политички поени, ветувајќи дека ќе ја кажат вистината. Си поиграа со судбината на семејствата на убиените и со чувствата на граѓаните. Криминогениот Заев  вчера од собраниска говорница рече дека доколку имал конкретни докази тоа и ќе го објавел, потенцира Нацев.

Тој додава дека Заев презеде обврска со Тиранската платформа, убијците од случајот Смилковско езеро да бидат ослободени. Случајот кој беше правосилно осуден со доаѓањето на Заев  и криминалниот картел на власт вратен е на повторно судење, а осудените се пуштени на слобода.

-Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, со години ги манипулираа родителите на убиените, но и целата јавност. Од родителите слушавме како Заев им давал транскрипти од разговори помеѓу Невзет Бејта и Фејзи Азири, но и како ги уверувал дека петте броеви со кои комуницирале убијците на денот на убиството, а се заведени како државна тајна се на функционери на ДУИ. Сега Заев ретерира. Лаже и манипулира. Наместо вистината која тврдеше дека ја знае вчера кажа дека ништо не знае и дека нема докази за она што го зборел. Оваа морбидна кампања и играње со чувствата  на граѓаните мора да запре. Правната држава е императив и таа мора да биде вратена. Заев и криминалниот картел кој го води тоа не можат да го направат. Граѓаните заслужуваат подобро, истакна Нацев.

 

 

 

27.04.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега