Шилегов: Ова е историски ден за Скопје и Атина

 

Договор за соработка меѓу Скопје и Атина денеска потпишаа градоначалниците на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис.

- Со потпишувањето на овој Договор со Атина ќе размениме информации, искуства, нови практики и ќе негуваме соработка во разни области на нашата работа и надлежност како што се градската администрација, управување со јавни услуги, урбан развој и отпорност, заштита на животната средина и природата, културни и туристички активности, иновации, информатичка технологија и дигитализација, рече Шилегов по потпишувањето во Музејот на современа уметност (МСУ).

Додаде дека ќе соработиваат во рамки на мрежата „Eurocities“ и ќе промовираат трговски контакти. Шилегов посочи дека со Каминис веруваат во соработка и не се плашат од предизвици.

Смета дека ова е историски ден за Скопје и за Атина. 

 

 

 

 

27.04.2018 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега