Во резервоарот криеле 9 кила дрога - Македонци уапсени во полициска акција во Србија

На граничниот премин Хоргош запленети се повеќе од 9 килограми марихуана и уапсени се двајца македонски државјани, соопшти денеска српското МВР.

При преглед на резервоарот на возилото „опел астра“ со македонски регистарски ознаки, полицијата пронајде десет пластични шишиња наполнети со вкупно 9 килограми и 377 грама марихуaна.

Поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дрога, на осомничените И.М. (32) и А.А. (37) им е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава, ќе бида приведени во вишото јавно обвинителство во Суботица.

 

 

 

27.04.2018 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега