Виница: Му го украле возилото на паркинг, го пронашол во брана на 18 метри длабочина

Вчера во 13 часот во Полициската станица Виница, 44-годишниот М.Н. од Виница пријавил дека во периодот од 22 часот на 23.04.2018 до 11.00 часот на 24.04.2018 година од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Аudi Q7“ со швајцарска национална ознака, кое било паркирано на улица „Ангел Винички“ во Виница. Истиот ден во 18:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, 39-годишниот Б.М. од Македонска Каменица пријавил дека во близина на „Рибнички мост“ на место викано „Буришјето“, атар на село Илиово, делчевско, на земјениот пат забележал траги од возило кои воделе кон браната „Калиманци“.

Полициски службеници излегле на лице место при што биле пронајдени две пластики кои припаѓале на патничко возило „Аudi Q7“. На 26.04.2018 година околу 11 часот од страна на тим нуркачи од Единицата за специјални задачи било извршено пребарување во браната „Калиманци“ при што на длабочина од 18 метри било пронајдено возилото, кое денеска беше извлечено од браната.

 

 

 

27.04.2018 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега