Подгответе се на време: Денеска без вода неколку места низ Скопје

Корисниците од булеварот „Јане Сандански“ од зградите со број: 51, 53, 41, 47 и 49 во општина Аеродром денеска од 10:00 часот се без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект на цевка со пречник од 150 милиметри на булевар „Јане Сандански“ број 53.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирањето на дефектот.

 Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот до завршување на дефектот ќе имаат корисниците во зградите со бр. 62, 64 и 66 на улиците „Христо Татарчев“ и „Дренак“ во Кисела Вода.

Од РЦУК по известување од ЈП Водовод и канализација информираат дека прекинот во снабдувањето со вода е поради дефект на приклучна цевка од ф 2 на ул. Христо Татарчев“ бр. 64. 

Поради уличен дефект  ф100мм на булевар АСНОМ 56 во населбата Аеродром, прекинато е водоснабдувањето за корсниците од булеварот по старо броеви од бр. 2 до бр. 74  ниска зона.

Како што информираат од РЦУК Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот е од 13:45 часот до завршување на работите за отстранување на дефектот. 

 

 

 

 

28.04.2018 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега