Иднината на компјутерите е во „мобилизирање“ на Интел и развивачите

Развивачки форум на Интел (IDF), Сан Франциско, 10 септември 2013 - Од центри за податоци до ултра-мобилни уреди како таблети и телефони, сите сегменти на процесирањето поминуваат низ интересни транзиции, за некои и промени од корен, изјави новиот генерален директор на Интел Брајан Крзанич, за време на отворањето на Развивачкиот форум на Интел. Крзанич ја искажа визијата на Интел и објасни како тие работат на секој сегмент од динамичниот пазар, како што е забрзувањето на напредокот кај мобилните уреди преку промовирање нови производи во претстојната година, вклучувајќи нова линија производи со ниска потрошувачка.

Крзанич изјави дека ниеден сегмент нема да остане недопрен. „Иновациите и трансформациите во индустријата се случуваат побргу од кога било досега, што е во полза со оглед на силните страни на Интел. Имаме водечка производствена технологија и архитектонски алатки за да се пробиеме на пазарите за ниска потрошувачка. Намерата ни е да ги формираме и предводиме сите области на процесирањето.“

На овогодинешниот Интел форум за прв пат се обраќаат Кржиниќ и новиот претседате на Интел Рене Џејмс откако ги заземаа своите позиции во мај.

Во нејзината презентација, Џејмс ја претстави визијата за нова ера во која секој уред и секој предмет процесира, што значи дека интегрираните решенија мора да бидат помали, побрзи, поразновидни и произведени во поголеми количини.

„Технологијата базирана на полупроводници ќе продолжи да ги решава најчестите проблеми и претстојни можности, ќе ги промени нашите животи, ќе раководи со нашите градови и ќе се грижи за нашето здравје,“ изјави Џејмс. „Интел досега имаше клучна улога при секое преминување во нов вид технологија и во иднина ќе овозможува слични пробиви на пазарот.“

 

Поттикнување напредок кај ултра-мобилни уреди

Крзанич изјави дека Интел оваа недела ќе ја претстави првата 22 нанометарска технологија систем на чип (SoC) за мобилни уреди наречена „Беј Трејл“. „Беј Трејл“ се базира на новата Силвермонт микроархитектура која се одликува со ниска потрошувачка и висок перформанс. Таа ќе се најде на најразлични иновативни Android и Windows дизајни, пред сé на таблети и уреди 2 во 1.

Го дефинираше сегментот на ултра-мобилни уреди како смарт-телефони, таблети, 2 во 1 таблети кои имаат функции како компјутер и додатни тастатури, како и други уреди надвор од конвенционалната смисла на зборот мобилен компјутер и изјави дека ова е подинамичен сегмент одошто се препознава. „Смарт-телефоните и таблетите не се крајната состојба. Преносливи компјутери и софистицирани сензори и роботика се само дел од првичните апликации.“

Како пример како Интел ќе продолжи да го користи своето водечко место во производството и архитектурата и ќе ја помести границата за ниска потрошувачка, Крзанич ја најави новата линија процесори „Intel Quark“. Тие ќе достигнат нови пазарни сегменти од областа на преносливо процесирање. Дизајнирани се за апликации кај кои приоритет е ниската потрошувачка пред врвниот перформанс.

Интел ќе направи референтни плочи базирани на првиот производ од оваа линија кон крајот на годинава со цел да им помогне на партнерите да дизајнираат оптимизирани решенија кои пред се се наменети за пазарите на индустрија, енергетика и транспорт.

Бидејќи секоја нова ера на процесирање станува се полична, преносливите уреди се клучни во иновацијата. Крзанич ја посочи алката како пример за концепт за кој се развива референтен дизајн и изјави дека компанијата е во потрага по партнери од оваа област.

Во свет со 4G безжични комуникации, Крзанич изјави дека новите LTE решенија на Интел обезбедуваат алтернатива за мултимодална 4G конекција и ја рушат клучната бариера кон напредокот на Интел во пазарот за смарт-телефони. Интел сега испорачува мулдимодален чип „ Intel® XMM™ 7160, кој е едно од најмалите и најенергетски ефикасните мултимодални решенија за глобален LTE роаминг.

Како пример за забрзаниот развој благодарение на новиот раководен тим на Интел, Кржаниќ изјави дека се работи на новата генерација на LTE производот, модемот „Intel® XMM™ 7260. Се очекува да се испорача во 2014 година и ќе содржи напредни карактеристики. За време на презентацијата Крзанич ја прикажа карактеристиката „агрегација на носители“ за новиот модем XMM 7260 двојно да ги зголеми проточните брзини.

Исто така ја прикажа платформата за смарт-телефони која го содржи и LTE решението XMM 7160 LTE, како и наредната генерација Atom™ систем на чип за телефоните во 2014 година под името „Мерифилд“. Базирана на Силвермонт микроархитектура, Мерифилд ќе испорача подобрен перформанс, енергетска ефикасност и долготрајна батерија за разлика од сегашната генерација.

 

Интел го предводи производството

Иновацијата за компјутерите од иднината продолжува, Крзанич прикажа систем базиран на 14 нанометарска технологија наречен „Бродвел“. Се очекува да влезе во производство во текот на оваа година и ќе претставува водечкиот производ кој содржи 14 нанометарска технологија на Интел. Првите Бродвел производи ќе имаат подобар перформанс, подолготрајна батерија и ниска потрошувачка за уреди 2 во 1, Ултрабук уреди и најразлични компјутерски дизајни.

Интел ќе ги насочи сите сили кон линијата процесори Интел атом и потврди дека Интел има намера да ги изведе на пазарот процесорите и новата генерација „Airmont“ микроархитектура во почетокот на наредната година. Точниот датум ќе зависи од пазарот.

Интел е единствената компанија која нуди 3D, трипортни проводници и е единствениот производител на полупроводници на 22 нанометри, и ја предводи индустријата веќе три години. Со претстојниот 14 нанометарски процес, компанијата само ќе ја зацврсне својата позиција. Напредните 3D, трипортни проводници овозможуваат подобрен перформанс и енергетска ефикасност која е потребна за широкиот спектар на уреди за процесирање од мобилни уреди до сервери.

 

Нова архитектура на центрите за податоци

Работата на Интел со центри за податоци, која на годишно ниво носи приходи од 10 милијарди долари, развива решенија кои им помагаат на компаниите да бидат во чекор со зголемените побарувања на клауд услугите и за раководење со податоците кои се производ на милијарди корисници и поврзани уреди низ целиот свет. Целта на Интел е да воведе нова архитектура на центрите за податоци што ќе овозможи заедничка, софтверски дефинирана основа за провајдерите на центрите за податоци и клауд услуги кои ги покриваат серверите, мрежите, зачувување и безбедноста на податоци.

Најновата линија процесори Интел Ксеон наменети за центри за податоци ќе се појави во текот на денот. Минатата недела Интел претстави производи и технологии за центрите за податоци, меѓу кои и 64-битните Интел Атом Ц2000 производи за микросервери и платформи за зачувување податоци („Avoton“) како и мрежни платформи („Rangeley“).

 

Процесирањето како решение за светските проблеми

Во своите коментари, Џејмс ги истакна „паметните“ градови и здравството прилагодено според потребите како примери за потенцијална примена на технологијата која може да ги претвори теориите за процесирање во реалност која менува животи.

До 2050 година, 70 отсто од жителите на Земјата ќе живеат во мегаградови. Развојот во технологијата со полупроводници ќе го унапреди раководењето со податоци во „паметните“ градови. Интел влегува во партнерство со Даблин и Лондон за да создаде референтно решение кое може да го промени раководењето со урбаните средини, овозможувајќи подобрени општински услуги за пониски цени.

„Едно е да се инсталира моќта за процесирање во милијарди „паметни“ објекти,“ изјави Џејмс. „Ние правиме нешто многу потешко, моќни процесирачки решенија кои ги претвораат податоците во мудрост и потрага по одговори за најкомплексните проблеми на светот како што е борбата со ракот. Досега видовме само дел од можностите кои ги нуди технологијата на Интел и може да се искористи во лечење, образовање, зајакнување и одржување на планетата.“

Џејмс го истакна суперпроцесирањето како еден од многуте примери каде моќта за процесирање може да ја промени здравствената грижа, што е најголемиот сектор во глобалната економија. Интел соработува, со Институтот за рак „Knight“ на Универзитетот за наука и здравје во Орегон, на проект чија цел е намалување на времето и трошоците потребни за анализа на генетски профили и создавање на повеќедимензионални мапи со ДНК.

„За прв пат во модерната медицина, процесирањето и технолошкиот аспект на здравството е исто важен колку и биолошкиот,“ изјави Џејмс. „Колку повеќе процесирачка моќ спроведеме по разумни цени, толку повеќе животи ќе бидат спасени.“

За Интел

 

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com.

11.09.2013 - 13:42

најчитано сега