Почина 104 годишната струмичанка баба Лина

Синоќа починала настарата струмичанка Лина Ќучукова, која на 9. август наполни 104 години, јавува порталот Струмица Нет.

Семјството на баба Лина за неа раскажале дека до пред некој месец никогаш не била на лекар, не знаела за болест и не користела медикаменти. Во последните неколку месеци, кај бабичката биле забележливи тешкотии при движењето.

Баба Лина секој ден, при станување и легнување се молела на Господ за здравје и живот, за себе и своите најблиски. Таа родила седум деца, а четири од нив се живи. Има и 9 внуци и 12 правнуци.

Лина е родена на 6. август 1909 година во селото Гола, Кукушко во Грција, но се преселила во Струмица кога имала само 4 години.

Таа, заедно со нејзиниот сопруг работела по нивите за да обезбедат егзистенција за семејството.

11.09.2013 - 13:47
Фото: 
струмица нет

најчитано сега