Здравјето на македонските дечиња во рацете на најдобриот педијатар на Балканот

Директорката на Клиниката за Детски болести во петок заминува во Јапонија, каде два месеци ќе се обучива за здравствени системи, раководење со здравствените ресурси, пишува Здравство24.

По ваквата обуки, пишува порталот, докторката Аспасија Софијанова ќе биде најдобра на Балканот, бидејќи ниту еден лекар од соседните земји нема да ја посети оваа обука. Софијанова го доби грантот JICA од македонската Влада од која и лично била номинирана а прифатена од Јапонија.

Додека Софијанова е во Јапонија, во нејзината директорска фотелја ќе седне др. Катица Пиперкова. Одлуката, Пиперкова да ја замени Софијанова, била донесена на денешната седница на Управниот одбор.

Во рацете на доктор Софијанова е здравјето на најчувствителната група пациенти- новороденчиња и доенчиња. 

11.09.2013 - 14:29
Фото: 
економски.мк

најчитано сега