„Ќе ве убиеме сите“ - нови детали за драмата во автобус на ЈСП попладнево во Скопје

 

Вистинска драма попладнево предизвикале  двајца мажи во автобус бр. 16 на ЈСП. Вооружени со пиштол најпрво му го попречиле патот на автобусот  на семафори во центарот на Скопје, а потоа и насилно се обиделе да влезат. Откако не успеале двајцата напаѓачи почнале со пиштолот да се закануваат дека ќе пукаат и во возачот и во патниците кои во тој момент се наоѓале во автобусот.  Токму вознемирените граѓани сведоци на целиот инцидент први ја алармирале полицијата, објави Сител.

Од МВР попладнево го потврдија инцидентот. Велат дека околу 13:30 настанот во полиција го пријавиле 10-тина граѓани.

По брзата интервеција на полицијата веќе е приведен еден од напаѓачите, додека МВР се уште трага по вториот. Пронајдено е и возилото  со гостиварски регистерски таблички, како и пиштолот од кој напаѓачите непосредно по инцидентот се обиделе да се ослободат.

Полицијата се уште работи на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за настанување на инцидентот. Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на утрешниот ден.

 

 

 

02.05.2018 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега