Во регионот веќе има невреме - силна бура со врнежи и грмежи следува и во Македонија

Времето денеска претпладне беше сончево со мала до умерена облачност, а попладнебеше забележан дожд на планинските предели, особено на исток. Дневната температура се движеше од 24 до 30 степени.

УВ-индексот изнесуваше 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне краткотрајно облачноста ќе се зголеми. 

В четврток во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува. Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, понекаде поројни и проследени со грмежи.

Повеќе врнежи се очекуваат в четврток и сабота, особено во западните делови. 

 

 

 

02.05.2018 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега