Нимиц: Атина инсистира на име за севкупна употреба

 Немаме решение меѓу Македонија и Грција во врска со априлскиот предлог, изјави по средбата со премиерот Никола Груевски медијаторот  во спорот за името Метју Нимиц, кој во Скопје допатува од Атина.

- Во Атина имаат два проблема во врска со мојот предлог - местопложбата на географската одредница и обемот на употреба на договореното име. Во Скопје, пак, добив став кој е во согласност со долгорочните стратегиски позиции на земјата, рече посредникот Нимиц.

Според него, не е спорно дека Македонија треба да стои во името, но грчката страна инсистира на она на што, вели, тој не инсистира, а тоа е севкупна употреба на договореното име што подразбира негова официјална употреба во институциите, во договорите, во ОН и во други меѓународни организации.

На новинарско прашање да го појасни грчкиот став во однос на севкупната употреба на името тој појасни дека тие бараат кога ќе се постигне договор за име тоа име да се користи и внатре во земјата.

Нимиц како неосновани ги отфрли шпекулациите дека како придавка е предложено името да содржи словенска и албанска Македонија.

Медијаторот на ОН денеска во Скопје се сретна и со шефот на дипломатијата Никола Поповски, а вчера беше примен од претседателот на државата Ѓроге Иванов.

Најави дека од Њујорк ќе продлжи да работи за решавање на спорот и ќе биде во контакт со преговарачите на двете земји.

11.09.2013 - 15:50

најчитано сега