Уште еден човек се самозапали во Бугарија

Еден 47-годишен маж денеска се самозапали во бугарскиот град Смољан, во јужниот дел од земјата, а неговата здравствена состојба е многу сериозна. Ова е седми случај од февруари досега.

- Венцислав Козарев е префрлен во болница во критична состојба, бидејќи се здобил со изгореници од трет степен на повеќе од 70 отсто од телото, изјави началникот на полицијата во Смољан, Кирил Хаџихристев.

Тој нагласи дека причина за самозапалувањето се „лични проблеми“, имајќи предвид дека жртвата бил во период на развод.

Во Бугарија во текот на последните месеци е забележан бран на самозапалувања. Петмина од шесте Бугари кои претходно се самозапалија починале. Само тројца од нив претходно изнеле политички барања, додека останатите на ваков чин ги натерала сиромаштијата.

најчитано сега