Исчезнаа три малоленти лица од Скопје, меѓу кои и 10- годишно дете

Рано утринава во 00.30 часот, 40- годишниот Е.К од Скопје пријавил дека на 07.05.2017 година во 20.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16 годишна ќерка.

Во текот на вчерашниот ден пак во 17 часот и 30 минути во Полициската станица Гази Баба, од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека на 06.05.2018 година 12-годишен штитеник од установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил. 

Истиот ден но малку порано во 15.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, 53- годишниот И.А од Скопје пријавил дека на 05.05.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 10-годишен син.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сите три лица.

 

 

 

 

08.05.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега