Битолчанец предизвикал инцидент: Го уапсиле па нападнал полицаец

Вчера околу 16,00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола а по претходна пријава за нарушен ред и мир се упатиле во кафуле лоцирано во комплексот „Кеопс“.

Кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот  43- годишниот Б.Т од Битола почнал да се однесува агресивно и да ги навредува, по што истиот бил приведен во полициска станица. По пристигнувањето во полициската станица Б.Т. физички нападнал еден од полициските службеници, стои во соопштението од МВР.

По целосното расчистување и документирање на настанот против Б.Т. ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

 

09.05.2018 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега