Полицијата го сопрела при рутинска контрола, Тетовец почнал да се заканува па побегнал

 

Вчера во 15 часот и 05 минути пред угостителски објект на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, при редовна сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.К. (38) од село Голема Речица.

Полициските службеници му побарале возачка и сообраќајна дозвола и тој почнал да им се заканува, по што избегал со возилото. Полициските службеници презеле мерки и активности и набргу го пронашле и привеле Ш.К. во полициска станица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

10.05.2018 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега