Полицијата извршила претрес: во домот на Прилепчанец и Тетовец најдено пушки, дрога и куршуми
СВР Тетово и СВР Прилеп поднесоа кривични пријави против двајца мажи поради „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено СВР тетово поднесе кривична пријава против 31- годишниот Ф.Х од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 08.05.2018 година од 18.00 до 19.40 часот полициски службеници извршиле претрес во домот и возилата на пријавениот на ул. „Мирце Ацев” во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени 349,23 грама марихуана и девет куршуми калибар 6.35 мм.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 53- годишниот С.Б поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
На 30.01.2018 година во село Загоричани полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени пушка, 20 куршуми со калибар 9 мм и четири парчиња ловечка муниција со ознака “CHEDDITE 12”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа