Тим од ВМРО-ДПМНЕ на средба со Рот и Герберих

Тим од ВМРО-ДПМНЕ, во состав од потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев, денеска оствари средба со државниот секретар за европски прашања во министерството за надворешни работи на СР Германија, Михаил Рот и германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих.

Претставниците  на ВМРО-ДПМНЕ посочија дека ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својата евроатлантска  определба и дека партијата е силно посветена на процесот за придвижување кон ЕУ и НАТО, што е докажано и со вклученоста на ВМРО-ДПМНЕ во квалитативното подобрување на реформските закони,  кои беа  предуслов за враќањето на безусловната  препорака на Европската Комисија за почеток на  преговори со  ЕУ, информираат од партијата и додаваат:

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено и слабиот капацитет на власта за реформи, кои до пред вклучувањето на ВМРО-ДПМНЕ во реформскиот  процес се одвивале бавно. Но и несериозноста на власта во водењето на државата и поставување на луѓе кои претставуваат безбедносен ризик за САД и се на црната листа за влез, на советничка позиција во владата“.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ги информираа своите соговорници и за политичкиот прогон кој го врши власта, но и за злоупотребата на судството и обвинителството од страна на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари и на поддршката која нашата држава во изминатиов период ја добиваше од СР Германија и изрази надеж дека и во иднина ќе се унапредува соработката.

Државниот секретар информираше дека Република Македонија ја има јасната поддршка од СР Германија за евроатлантската интеграција и дека тоа така ќе остане и во иднина.

 

 

 

10.05.2018 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега