Николоски: СДСМ не се обидува да ја сокрие желбата за одмазда

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Акцент“ на МРТ вели дека некои луѓе во СДСМ не се обидуваат да ја сокријат желбата за одмазда.

-Има толкава омраза и желба за одмазда, што не ни обидуваат да ја сокријат. Факт е дека на 27. имаше немил настан, но факт е дека имаше и денови кои што претходеа, Тој настан имаше своја претходница, која што е силување на демократијата која што се случуваше изминатите неколку месеци, вели Николоски, потсетувајќи дека се избра претседател на Собранието што според него, точно било таргетирано да се случи во 18 часот иако сите знаеле оти има протести во период од денот.

Вели дека очигледно е оти целта била да се испровоцира гневот и револтот на граѓаните.

-Мене ми е многу жал за тоа што се случи. Но, она за кое што ми е повеќе жал е дека гледам и кај Заев и кај Шекеринска и кај Спасовски и кај други луѓе, да се одмаздат за оваа работа. Јас можам да разберам обични луѓе да сакаат да се одмазнат, сосед на сосед, пријател на пријател итн. Луѓе кои што водат највисоки државни институции, имаат највисоки државни позиции да сакаат да се одмаздат, говори за тоа колку мали луѓе се, рече Николоски.

Вели дека да бил на местото на Заев ќе понудел амнестија и ќе им простел на луѓето, зашто според него, оваа тема го поларизира општеството на дневна основа.

-Ако целта на СДСМ е да продолжи поларизацијата, ова е патот, рече Николоски.

 

 

 

 

10.05.2018 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега