Автомобил се заби во трактор на патот Штип-Делчево: Повредено 6-годишно дете

 

На магистралниот пат Штип-Делчево кај место викано „Голем брег“ атар на село Тркање, вчера во 20:40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со кочански регистарски ознаки управувано од 36-годишниот И.М. од Кочани во кое како сопатник било 6 годишно дете и трактор „Масеј Фергусон“ исто така со кочански регистарски ознаки управуван од 35-годишниот О.С. со сопатничка Б.Ц.(57), двајцата од село Тркање, кочанско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С. додека со телесни повреди се здобиле О.С., И.М. и шестгодишното дете. На повредените им била укажана лекарска помош во Здравствен  дом  Кочани. 

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

11.05.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега