Сообраќајка во Скопје - момче итно однесено во болница

 

Вчера, некаде десетина минути после полноќ, какошто информираат од МВР во Скопје на улица „Христијан Тодоровски Карпош" се случила сообраќајна незгода  помеѓу патничко моторно возило „Фиат Линеа“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј. А.  и  моторцил исто така со скопски ознаки управуван од 20-годишниот О.Е. од Скопје. 

Во незгодата со повреди се здобил О.Е., кој е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски" каде му е укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

11.05.2018 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега