Два пати измамена од ист човек - скопјанка оштетена од измамник за 86.000 денари

 

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување случај на измама во кој Скопјанка е оштетна за 86.000 денари.

Случајот е пријавен вчера во 09:45 часот во Полициската станица Карпош од страна на оштетената В.Г.(58). Таа пријавила дека во мај 2017 година во два наврата била измамена од К.Ј. од Скопје.

Првата измама К.Ј. ја сторил со наводна набавка на лек за канцер за што од В.Г. побарал и земал  400 евра. Лекот го набавил, но В.Г. се сомнева дека бил со сомнително потекло. Потоа, К.Ј. во разговор со В.Г дознал дека не и решен статусот за пензија и ја убедил да му даде 1.000 евра за да може во најкраток рок да и го реши проблемот. Од тогаш до денес В.Г. неколку пати стапила во контакт со К.Ј., но тој и кажал дека требало да помине одреден временски период за целосно завршување на работата. Изнел и други изговори - дека е многу зафатен, по што заклучила дека е измамена. 

 

 

 

11.05.2018 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега