Тешка несреќа во Скопје: Млада девојка прегази старец
Околу 10 часот и 50 минути на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Никола Парапунов“ во Скопје, 19-годишната И.С. од Скопје, управувајќи патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешак.
Се работи за 81-годишниот Л.Ф. од Скопје кој од ударот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“.
По укажаната лекарска помош тој бил препратен на Клиника за торакална хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа