Татко од Македонија има големи проблеми: "Дај ми 5.000 евра или сите ќе ги видат голите фотки на ќерките"

 

Во 01.30 часот во Полициската станица Охрид С.Д. пријавил кривично дело ,,уцена“.

На полноќ телефонски му се јавил С.И. и му побарал да му даде  5.000 евра или во спротивно ќе објавел недолични работи за неговите ќерки, по што пријавителот му исклучил.

Според пријавата, по половина час, пријавителот добил неколку смс пораки со заканувачка содржина  и фотографии, по што лицето С.И. повторно го контактирало пријавителот телефонски.

За настанот е известен Јавен Обвинител.

 

 

 

18.05.2018 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега