Девојче од Битола помина низ пекол: Роднината почнал да ја допира на улица
Хорор се одвивал во Битола каде во 21.00 часот 15-годишно девојче во присуство на нејзината мајка пријавила дека 46-годишниот Ѓ.Б. од Битола кој бил нивен подалечен роднина, се обидел да изврши полови дејствија врз неа.
Околу 14.30 часот тој дошол во нивниот дом и ја повикал да појде со него да и купи тренерки. Тргнале со такси возило кон Прилеп, но по кратко време излегле од возилото и продолжиле пеш. Кога застанале да одморат тој почнал да ја соблекува и да ја допира по телото, но таа го оттурнала и побегнала до главниот пат.
Возило кое поминувало застанало и го однело девојчето во нејзиниот дом, по што го пријавила настанот.
Во 22.00 часот Ѓ.Б. бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа