Сообраќајка пред полноќ во Скопје: Едно лице итно во болница
Во 23,00 часот во Скопје на улица „Радишанска“, 24-годишниот Б.Ф. од село Љубин, скопско, управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак.
Полицијата информира дека се работи за 22-годишниот Л.А.
Од незгодата се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде бил задржан на понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
19.05.2018 - 10:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа