Страшна несреќа во Скопје: Удрил во стадо овци, итно во болница
Во 12.00 часот на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ „Козјак“, атар на село Говрлево, 25-годишниот М.Х. од Швајцарија, кој живее во Скопје, управувајќи мотоцикл „Априлија“ со германска национална ознака удрил во стадо овци (водени од 55 годишно лице од село Горно Јаболчиште) кои го преминувале патот.
По незгодата М.Х. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување.
20.05.2018 - 12:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа