Една жена на Ургентен четири се спасиле - се преврте трактор натоварен со пет жени во пехчевско

44 годишната Н.Р. од пехчевско Умлена, заработи тешки повреди во тракторска несреќа.

Според досегашните информации, заработила тешка скршеница на левата потколеница, откако се превртел тракторот во кој била таа и уште четири жени.

Н.Р. била пренесена во штипската Болница, а оттаму била пренесена на скопските Клиники. 

Нејзините пријателки успеале да скокнат од тракторот непосредно пред несреќата. Тие патувале кон расадник да берат сливи.

 

13.09.2013 - 10:07

најчитано сега