Пожар беснееше во пилана во Пехчево

 

Во Пехчево синоќа избувнал пожар во дворно место на пилани и помошно објекти сопственост на А.Б.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 20,10 часот во Полициската станица Берово е пријавено дека во Пехчево на улицата „Пионерска“ од засега непознати причини избувнал пожар во дворното место каде се наоѓале пилани и помошни објекти сопственост на А.Б. од Пехчево. Од пожарот била запалена дрвна маса и отпад кој се наоѓал веднаш до објектите-пилани.

Пожарот е локализиран во 21,30 часот од страна на Територијалната противпожарна единица-Берово.

Во текот на денов ќе се изврши увид на местото на настанот. 

 

 

 

24.05.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега