Струмичани изгубиле па го искршиле казиното - реагирала полицијата

 

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.В. (49) и Д.Г. (34), двајцата од Василево, поради постоење основано сомнение дека сторилe кривично дело „оштетување на туѓи предмети“, предвидено во член 243 став 2 и кривично дело „помагање“, предвидено во член 24 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

МВР сооппшти дека на 22-ри овој месец, околу 13 часот, во СВР Струмица од страна на вработен во „Мастербет“ ДООЕЛ - Скопје, пријавено е дека лицето А.В., извршилo оштетување на осум слот машини, како и на една рулет машина во казино во Струмица.

По ова, а врз основа на овластување од јавен обвинител, од страна на полициски службеници извршен е увид на лице место, притоа констатирано дека во времето од 12.30 до 13 часот завчера во казино во Струмица, првопријавениот откако претходно играл на апаратите во казиното, зел копач и со истиот извршил оштетување на осумте слот апарати, на еден рулет апарат за игра, на еден ЛЦД телевизор марка „Сони“, како и на заштитно стакло од просторот на касата и еден монитор. Со ваквото дејствие А.В. направил материјална штета од околу 1.500.000 денари.

Оштетувањето на апаратите за игри на среќа е направено со метален копач со дрвена дршка, кој го внел второпријавениот и му го дал на А.В. Од страна на полициски службеници А.В. е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица нему му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. 

 

 

 

24.05.2018 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега