Прегазен пешак во Скопје - итно пренесен на Ургентен

Во 21,40 часот синоќа во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “1“ во селото Шишево патничко моторно возило “Цитроен Саксо“ со скопски регистерски таблици управувано од 56-годишниот Н.С. удрило во пешак, 64-годишниот И.А. од истото село.

По незгодата пешакот со возило бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.05.2018 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега