Пред да патувате подгответе се - проверете во кои земји ви е потребна меѓународна возачка дозвола
Шпанија, Италија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија.
Со овие држави моментално Македонија има потпишано договори за заедничко признавање на возачките дозволи, велат од МВР за Сител. Согласно Конвенцијата за патен сообраќај од 1968-та, е предвидено признавање на дозволите со уште неколку други држави.. Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека се чека и потпишување на договор со Косово.
„Лицата кои имаат или ќе регулираат престој во земјите со кои имаме потпишано заедничко признавање на возачки дозволи, може да ја заменат македонската возачка дозвола. Сите останати граѓани кои ќе патуваат транзит или ќе престојуваат максимум шест месеци, ќе може да ја користат македонската возачка дозвола“, се вели во известувањето од МВР.
„Според најавите на Министерството за внатрешни работи, наскоро со возачката дозвола издадена во Македонија ќе може да се управува моторно возило и во Германија.. Возењето со непризната дозвола е казниво, а глобата изнесува повеќе стотици евра“.
Македонски иселеници пред повеќе од една година покренаа и он-лајн петиција за признавање на возачката во Германија.. Се собраа над 40 илјади потписи.. Иницијаторот на петицијата Александар Бузлески, вели дека договорот со германските власти е во завршна фаза и се очекува датум за негово потпишување.
Инаку од МВР велат дека во тек е постапка за потпишување договор со Словенија за признавање на возачките.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа