Хаос на улица во Скопје: Се тепале мајка, татко и син

 

Во 17,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавено дека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

Имено, најпрво дошло до физичка пресметка меѓу 42-годишниот Ф.С. и неговата сопруга А.С. и заедно со нивниот 17 годишен син, сите од Скопје.

Според пријавеното, на местото на настанот се затекнал 47-годишниот Д.М. од Гостивар  и тој се обидел да ги раздвои, по што Ф.С. и неговиот син физички го нападнале.

Лицата се приведени во Полициската станица Центар и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок

 

 

 

30.05.2018 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега