Текстилците се жалат дека секторот е пред колапс:Сакаме да дадеме поголеми плати, но не можеме (видео)

 

Укинувањето на нормата ја прелеа чашата кај текстилците. Откако Уставниот суд ја укина мерката минимален учинок во текстилната индустрија, работодавачите велат дека им е тешко да опстанат и да исплаќаат плати. Предупредуваат за колапс на оваа индустрија. Бараат итна помош од Владата. За нив спорно што земјоделците добиваат субвенцвии, а тие не, објави Сител.

Работодавачите тврдат дека тие сакаат да дадат поголеми плати на нивните работници кои со децении се најлошо платени во земјава, но немаат пари. Сите нови трошоци ги прават уште понеконкурентни на странските пазари.

Бараат Владата сериозно да го поддржи производствениот сектор затоа што тој е носител на растот.

Дел од текстилците денеска вербално ги нападнаа новинарите кои поставуваа прашања што тие не сакаат да им бидат поставени.

 

 

 

31.05.2018 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега