Еден тешко повреден: Страшна сообраќајка на македонските патишта

Во 17 часот и 20 минути во Битола на крстосница од улица „Никола Тесла“ и улица „Солунска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Лада Нива“ со битолски регистарски ознаки управувано од 24-годишниот М.С. од село Лисолај, битолско и моторцикл “Томос АПН“ исто така со битолски ознаки управуван од 52-годишниот Р.Ј. од Битола.

Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Р.Ј. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

01.06.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега