Прегазено дете во Скопје итно однесено на Трауматологија

 

Во 22 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица “Индира Ганди“ патничко моторно возило “Опел Зафира“ со скопски регистерски ознаки управувано од 38-годишниот М.Г. од Скопје удрило во дете-пешак на возраст од 14 години од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош детето било пренесено во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани повреди и истото било задржано на Клиниката за Трауматологија на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 

 

 

01.06.2018 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега