Не можел “гага“ да се вози па се збеснал и демолирал се пред себе - инцидент го потресе Штип

Возач на комбе на „Југ турист Куманово“ бил нападнат од бесен патник, бидејќи не му дозволил да се вози без пари од Штип до Свети Николе. Како што информриаат од полицијата, напаѓачот го испрскал возачот со спреј во очи и му го искршил предното стакло од комбето.

Инцидентот се случил вчера во 15:30 часот на автобуска постојка ул.„Гоце Делчев“  во Штип. Засега непознато лице го стопирало комбето „Фиат Ивеко“ на “Југ Турист“- Куманово  управувано од кумановчанецот Д.Ј. (57) и побарало да се вози до Свети Николе без да плати карта. Возачот не се согласил, па насилникот се збеснал, го испрскал Д.Ј. со спреј во очи,  ја искршил бравата на вратата и со рака го скршил предното ветробранско стакло.

На Д.Ј. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Штип и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот .

14.09.2013 - 12:50

најчитано сега