Изгубил контрола и паднал среде Градскиот Парк - млад скопјанец во болница

 

Во 2:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на пешачката патека во Градскиот парк мопед „Вангје“ со скопски регистерски таблици управуван од 32-годишниот А.Б. од Скопје изгубил контрола и паднал на патеката.

Од незгодата со повреди се здобил моторциклистот кој со друго возило бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

07.06.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега