Судир меѓу две возила во Скопје - девојка заврши на Ургентен

 

Синоќа околу 23:55 часот на крстосницата од улицата „Козле“ со улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје дошло до судир помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје и патничко возило „Сеат Атека“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Д.К. од Скопје.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат Пунто“, 20-годишната Н.С. од Скопје. Таа била пренесена и задржана на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.  

 

 

 

 

08.06.2018 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега