ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната власт на СДСМ ја доведе државата до самото дно

Најодговорните за катастрофалната економска состојба мора да си заминат и да ги препуштат местата на некој што нема да краде и да работи само во личен интерес, туку ќе знае како да и помогне на државата и граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски ја втурнаа во тешка економска криза Република Македонија.

-Неспособната власт на СДСМ ја доведе државава до самото дно. Растот на БДП од 0.1% е уште доказ за немањето капацитет за справување со економските предизвици. Додека земјите од регионот и Европа бележат значителен раст на нивните национални економии, Република Македонија доживува економски колапс. Растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст. Не постои сектор што не е погоден од погубните политики на Евро Заев. Градежништвото кое е мотор на економијата и кое влече 20 – тина попратни гранки е во пад од 37%. Додека гранката на иднината секторот информации и телекомуникации бележи пад од  7%, се наведува во соопштението од партијата.

Катастрофалниот раст на БДП од 0.1%, посочуваат од партијата, дополнително загрижува ако се знае дека инфлацијата изнесува 1.5% што значи дека граѓаните се дополнително посиромашни од минатата година.

-Продуктите се поскапи, а цените повисоки. Ценовниот притисок го чувствува секое семејство на оваа држава. Картелот не го интересира ваквата ситуација. Никој до сега не понесе одоговорност за овие штетни политики. Животот дојде само да елитата на СДСМ. Додека граѓаните драматично осиромашуваат, милионерот Анѓушев и луѓето блиски до него безмислосно си ги полнат џебовите.  Овој криминален картел ја доведе економијата во Република Македонија во безнадежна состојба. Додека граѓаните живеат во беда и сиромаштија, личните бизниси на криминалниот картел на СДСМ цветаат. Оваа црна тројка е природна катастрофа за Република Македонија и затоа мора да се запре. Евро Заев, Анѓушев и Тевдовски создаваат депресија и очај во економијата. Овој криминален картел мора да замине час поскоро, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро.

 

 

 

11.06.2018 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега