СДСМ: Се решаваат наследените проблеми на автопатиштата

Се решаваат наследените проблеми на автопатите, градежништвото се враќа на двоциферна стапка на растНаследените катастрофални проблеми на автопатот Кичево - Охрид коишто ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра, се надминуваат и автопатот почнува да се гради правилно и функционално, пишува во соопштението од СДСМ.

Оттаму велат дека во моментот, интензивно се работи на осумте клучки коишто треба да бидат изградени на автопатот, се работи на дополнителни 40 километри алтернативни патишта што ги поврзуваат околните населени места со автопатот и се надминува пропустот во делот на тунелот.  

-Овие пропусти беа причина за забавување на изградбата на патот, а со тоа и причина за падот во делот на нискоградбата. По надминување на овие проблеми, градежните работи продолжуваат со засилено темпо во изградбата на автопатат. Истовремено, процесот на изградба и реконтсрукција на 60 патни правци во вредност од 270 милиони евра, како и реализацијата на над 30 проекти во делот на комуналната инфраструктура создваат услови за раст и во делот на нискоградбата., потенцираат од СДСМ.

Со тоа градежништвото се враќа во посакуваниот правец со двоцифрени стапки на раст, што позитивно ќе влијае и врз севкупниот економски раст.

-Владата предводена од СДСМ продолжува со санирање на штетите и спроведување на зацртаните мерки коишто обезбедуваат унапредување на инфраструктурата, повеќе инвестиции, нови рабони места и економски раст и развој, се вели во соопштението

 

 

 

11.06.2018 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега