Данев: За Заев и Димитров картата за влез во ЕУ е прифаќање на сите услови од јужниот сосед

Собранието веќе втор ден расправа за извештајот на Европската Комисија во однос на напредокот на Република Македонија кон ЕУ.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека два дена, министерот за надворешни работи, Димитров и премиерот Зоран Заев не се присутни во Сообранието за да му оддадат важност на извештајот. Тој посочи дека картата за влез во Европската Унија за Зоран Заев и Димитров е прифаќање на сите услови што ги поставува нашиот јужен сосед а не извештајот од Европската Комисија.

-Одговорот е сигурно во тоа што мислејќи со решавање, односно со прифаќање на сите услови што ги поставува нашиот јужен сосед ќе биде карта за влез во Европската Унија а не со критериуми или со исполнување на критериумите што ги има во извештајот на Европската Комисија, дека само така се влегува во ЕУ. Еден сосема погрешен приод за кој што говори и самиот извештај на Европската комисија, истакна Данев.

Данев посочи дека Европскиот Извештај не заслужува славеничка атмосфера која што ја приредија претставниците на парламентарното мнозинство во Собранието. Тој рече дека држината и суштина на извештајот се дека нема реформи, нема напредок во општеството кое е суштествено битно за да ја убедиме Европската Унија дека Македонија заслужува да влезе во Европската Унија.

-Во однос на извештајот, добриот вординг и охрабрувчките пораки, сигурно и вие и граѓаните на Република Македонија кои што го читале овој извештај, знаат што значи, а тоа е само поради прифаќањето на сите непринципиелни работи кои што нашиот јужен сосед ги нуди и ги предлага во однос на решавањето на долгогодишниот спор. Но содржината и суштината се всушност вистинските пораки и забелешки, до кај сме со реформите и напредокот на нашето општество кое е суштествено битно за да ги убедиме и вие тоа добро го знаете. Граѓаните на членките од европската унија, дека РМ навистина заслужува да добие датум за преговори и РМ навистина во догледно време заслужува да биде дел од овој клуб односно да биде полноправна членка во ЕУ рече Данев.

 

 

 

12.06.2018 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега