ЕЛЕМ: ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК Битола

 

Термоелектраната Осломеј ќе се исклучи и на нејзино место ќе го вклучи Блок 2 во РЕК Битола, информира АД ЕЛЕМ.

- И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места, информираат од компанијата.

Блок 2 во РЕК Битола, нагласуваат, е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот, и може непречено да се вклучи во производниот процес. 

 

 

 

12.06.2018 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега