Мицкоски: Се колне во деца и лаже - со каков човек си имаме ние работа?

Опозицискиот лидер Мицкоски денеска на прес конференција објави видео на кое може да се види дека премиерот Заев имал различен став од оној кој го има денеска во спорот за името.

Се колне во неговите предци, во неговиот татко, дедо и во неговите деца, нека суди македонската јавност со каков човек имаме работа. Ова беше она што го ветуваше Зоран Заев, но на Македонија и донесе таканаречен договор за капитулација.

Ова значи дека секој еден збор на Зоран Заев не вреди, дека секој еден став, негова изјава не вреди ништо и дека лагата, измамата и манипулацијата е неговото примарно делување.“ – рече Мицкоски на прес конференцијата одржана денеска на пладне.

 

 

 

13.06.2018 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа