Партијата на Села го прифати името Република Северна Македонија: Ќе кажеме ДА на референдум

Од Алијанса на Албанците денеска реагираа за новото име кое го договорил премиерот Зоран Заев со грчкиот колега Ципрас, Северна Република Македонија.

Ви го пренесуваме во целост:

Новиот предлог за името на државата ,,Република Северна Македонија" кој што дојде како резултат на преговорите меѓу Македонија и Грција преставува позитивен момент во изнаоѓање на трајно решение за името во спорот меѓу двете соседни земји и го отвара патот за ЕУ и НАТО интеграциите.

Веруваме дека овој предлог е прифатлив за сите, и не го уценува мултиетничкиот карактер на државата, за разлика од претходниот предлог соопштен од Владата и промовиран од ДУИ кој што содржеше историски и религиозни елементи.

Алијансата за Албанците во принцип го прифаќа предлогот и е подготвена да го даде својот придонес во Собрание за ратификација на договоротИсто така АА е подготвена да му каже ,,Да" на Референдумот, инструмент преку кој граѓаните ќе го кажат својот конечен став.

Ја користиме ова прилика да им се заблагодариме на сите оние што придонеле за позитивна разврска на овој долгогодишен спор, посебно им се заблагодаруваме на Европската Унија и САД за нивниот придонес.

Овој е првичниот став на Алијансата во однос на предлогот за името на државата, додека за деталите кој што ги содржува договорот ќе се изјасниме откако ќе го имаме предлог-договорот во раце, предлог кој што треба да го реши и прашањето на националниот идентитет.

 

 

 

13.06.2018 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега