Пике: И со Меси немаше да биде поинаку

Ова беше една од најлошите ноќи во мојот живот. На ваков начин, двапати за само една недела никој не не надиграл. Се најдовме една непријатна ситуација и покрај тоа што во првото полувреме имавме шанса да постигнеме гол. И Меси да беше во тимот немаше многу да ни помогне. Сепак противникот беше пресилен и потполно заслужено оди во финалето, истакна дефанзивецот на Барселона Џерар Пике по синоќешниот пораз од Баерн.

Барселона синоќа во реванш-полуфиналната средба од Лигата на шампионите загуби од германскиот претставник со 3:0 и со вкупни 7:0 е елиминирана од борбата за трофејот.

Баерн во финалето на 25 мај на „Вембли“ во Лондон ќе игра против Борусија Дортмунд која беше поуспешна од Реал Мадрид, во другата полуфинална германско-шпанска пресметка. 

најчитано сега