Двајца малолетници тешко повредени во несреќа во Скопје

Во 14.00 часот вчера на крстосницата од улиците „Џон Кенеди“ и „Дижонска“ во Скопје дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот И.И. од Скопје  и мопед „Априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје.

Од ударот со повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 16-годишен сопатник од Скопје. Тие со друго возило биле пренесени во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош.

Кај мотоциклистот биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатникот биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

16.06.2018 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега