Полицијата влезе во домот на скопјани

Врз основа на судска наредба, полициски службеници на 14 јуни годинава извршиле претрес во домот и други простори кај лицето К.К. (35) на улицата „Т. Бошковски-Тарцан“во Скопје.

Таму биле затекнати и лицата Б.К. (67) со иста адреса на живеење и М.С. (20), исто така, од Скопје. 

При претресот, во делот од куќата што го користи К.К., биле пронајдени шест саксии со марихуана. Во просториите кои ги користи Б.К. биле пронајдени една пушка -ловен карабин, 60 куршуми-долго зрно од непознат калибар, 126 куршуми од непознат калибар и една дозвола за поседување оружје. Сите пронајдени предмети биле одземени и предадени на вештачење.

По целосно документирање на случајот, против К.К. и М.С. ќе бидат поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, додека против лицето Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија.

 

 

 

17.06.2018 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега