МВР: Новинарот беше уапсен бидејќи одби да се легитмира

МВР тврди дека новинарот на ТВ Сонце бил приведен бидејќи одбил да се легитимира.

„Во врска со новинарот на порталот Инфомакс, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал  активен отпор. Постапувајќи согласно процедурите , лицето е однесено во полициска станица и по утврдувањето на неговиот идентитет, истото веднаш е  пуштено“ – стои во соопштението на МВР.

Сепак, видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува дека новинарот, согласно сите стандарди имал јасно поставена на видно место новинарска легитимација која била и повеќе од доволна за полицијата да може да го легитимира и да забележи дека станува збор за акредитиран новинар.

 

 

 

18.06.2018 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега